Радио Кочани
Кочани

Завршен концерт на АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани

224

Ансамблот за традиционална музика и игра „Митко Алексов“ – Кочани, викендов го одржа завршниот концерт, насловен како „Ритамот на традицијата“.  Настанот се реализираше во големата сала на Мултикултурниот центар при што таа беше исполнета до последно место, а публиката беше презадоволна и постојано ги наградуваше со аплаузи.

Концертот го отворија домаќините, а потоа следуваше и настап на останатите девет фолклорни ансамбли.

За деталите повеќе во изјавата од уметничкиот раководител, Даниел Ѓеоргиевски.

Пред да се одржи завршниот концерт во Мултикултурниот центар, претходеше дефиле на сите фолклористи кои прошетаа по централните улици во градот.

Целосното дефиле може да го погледнете во видеото што следува.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе