Радио Кочани
Кочани

Утре е неработен ден, но идната година има помалку продолжени викенди

72

Неделава има продолжен викенд за работниците, а во месец октомври уште еден неработен ден среде седмица.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија до крајот на 2024 година неработни денови за сите граѓани се:

 

 

11 октомври (петок), Ден на народното востание

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник).

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 1. ноември (петок), Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните припадници на албанската заедница неработен ден ќе биде 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден ќе биде 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница – 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Идната година, 2025, ќе имаме помалку продолжени викенди.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе