Радио Кочани
Кочани

„Графити фест 2024“: Дела на млади уметници на паркингот кај Споменикот на слободата во Кочани

293

Викендов на потпорниот ѕид на паркингот кај Споменикот на слободата во Кочани, млади артисти од Кочани, Куманово и Скопје изработуваа графити.

Настанот насловен „Графити фест 2024“ беше во организација на „Act Different“ и Здружението за ликовна уметност „Форма“ – Куманово, а со поддршка на Програмата за култура на Општина Кочани.

Преку овој настан што ја промовира уличната уметност и со делата изработени од младите уметници, овој дел од градот прерасна во убаво уметничко и модерно место.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе