Радио Кочани
Кочани

Промоција на електричен автобус во Кочани – 300 километри минува за 2 000 денари

518
Денеска во Кочани компанијата Аутомакедонија изврши промоција на својот електричен автобус, како совреемно урбано превозно средство кое од еколошки аспект е мошне значајно за зачувување на квалитето на животната средина.

Електричниот автобус направи „почесен“, промотивен круг низ Кочани. Стартуваш од пред општинската зграда, возеше по улицата „Кеј на Револуцијата“, па преку „Маршал Тито“, се врати на плоштадот.
Градоначалникот Љупчо Папазов, кој присуствуваше на оваа промоција, рече дека Општината во рамките на буџетските можности ќе се обиде во иднина да дојде до едно вакво еколошко превозно средство.
Вредноста на еден ваков елктричен автобус се движи од 100 до 400 илјади евра во зависност од неговиот капацитет за превоз на патници. Со едно напојување со елктрична енергија може да помине 300 километри. За таа количина на електрична енергија треба да се плати 2 000 денари. За да ја помине истата километража стандарден автобус ќе потроши дизел гориво во вредност од 4 500 денари, така барем велат претставниците на Аутомакедонија

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне