Радио Кочани
Кочани

По 27. пат „Денови на медот“ во Паркот на Револуцијата во Кочани

808

Денес и утре, во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржуваат традиционалните „Денови на медот“ кои  годинава се реализираат по 27 пат. Организатор на настанот е локалното пчеларско здружение „Матица“ – Kочани.

Отворањето на манифестацијата почна со со настап на фолклористи од Кочани.

Претседателот на Сојузот на здруженија на пчелари на Македонија, Менде Трајковски порача, граѓаните да го консумираат природниот мед и да го купуваат од регистрирани пчелари.

Поздравен говор имаше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој посочи дека нашиот град веќе 27 години успешно го реализира Саемот на медот.

Деветгодишниот Михаил Велков, по повод „Деновите на медот“ напиша песна поврзана со пчелите.

Традиционалните „Денови на медот“ се поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Локалната самоупрва на Кочани, како и од бизнис секторот од регионот.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе