Радио Кочани
Кочани

Свечено отворена и предадена во употреба Сина сала во Дом на култура „Тошо Арсов“ – Виница

120
На самото започнување на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“ свечено ја отворивме и предадовме во употреба реконструираната Сина сала.
Општина Виница доби функционален простор со капацитет од над 250 посетители.
Во проектот за реконструкција на салата опфатено е проширување и адаптирање на бината, замена на подот со нов скалест профил како и замена на седиштата, потоа поставено е целосно ново осветлување и затворање на стаклените површини.
Покрај реновирање на Сината сала со овој проект беше опфатено и реновирање на тоалетите, гардеробите, канцелариските и другите помошни простории. Исто така се изврши целосна реконструкција на фоајето, како и кровната површина над фоајето пред влезот во салата.
Овие активности се дел од Договорот кој го склучивме со Центарот за развој на Источен плански регион и Свеат Инвест ДОО Скопје.
Вредноста на овој проект е 14,8 милиони денари, од кои 11,3 милиони се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година и 3,5 милиони денари учество на Општина Виница.
Оваа капитална инвестиција ќе допринесе кон развивање на поквалитетен живот на сите нас но и насочување на младите кон ценење на вистинските вредности.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне