Радио Кочани
Кочани

Вредни донации од „Амфенол“ по повод 11-от роденден…

2,649

Во изминатава деценија Амфенол Технолоџи Македонија, континуирано донира за општо добро и во позитивни цели, од кои корист имаат сите жители на регионот.

Во пресрет на 11 годишниот јубилеј на компанијата, денес детските градинки во Чешиново – Облешево и Зрновци, добија вредни донации од Амфенол.

Децата и вработените добија дидактички материјали кои ќе ги користат во воспитно образовниот процес а за установата, соодветно на потребите се обезбедени средства за работа кои ќе го олеснат секојдневното функционирање. Радоста и изненадувањето на децата беа огромни, а вработените упатија благодарност до Амфенол, поддршката и вредните донации. Покрај ова, Амфенол денес донираше и на Доброволното противпожарно друштво.

Донацијата се состои од антени за базни станици со широк опсег, а противпожарното друштво доби и сет од мобилни антени со вклучена конекторска мрежа и кабли, кои ќе бидат поставени на противпожарните возила. Со оваа донација ќе се подобрат условите за работа на ДПД и ќе се обезбеди сигурна и ефикасна комуникација помеѓу базните станици и противпожарните возила што е особено важно во случаи на пожар. За Амфенол и во иднина еден од приоритетите останува помагањето на општествените процеси, а со своите постапки досега го потврдија имиџот на општествено одговорна компанија која и’ помага на целата заедница.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе