Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани – во групата на најотворени единици на локалната самоуправа во државата

53

Општина Кочани спаѓа во групата на најотворени единици на локалната самоуправа во државата, според истражувањето што го спроведе Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Истражувањето е засновано врз Индексот на отвореност, а целта е да го утврди степенот до кој се почитуваат начелата на доброто владеење на локалната власт во Македонија. Индексот на отвореност на Општина Кочани е 55 %.

Индексот на отвореност ги оценува перформансите на општините во областа на доброто владеење преку четири начела: транспарентност, свесност, пристапност и интегритет.

Резултатите од истражувањето беа претставени на тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ што се одржа во Скопје, на кој секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев говореше за предностите на дигиталната алатка мЗаедница, што Општина Кочани со поддршка од Центарот за социјални иновации ја користи за двонасочна комуникација со граѓаните.

На тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“, се дискутираше за добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа, со цел зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе