Радио Кочани
Кочани

Македонско – бугарска стопанска комора – Одржано редовно Годишно собрание

25
БИЗНИС БЕЗ ГРАНИЦИ побараа членките на МакедонскоБугарската Стопанска Комора на своето
редовно годишно Собрание одржано во Скопје. Постои голем интерес кај компаниите од двете

земји за инвестирање, имаме постојан, значителен раст на трговската размена меѓу Република
Северна Македонија и Република Бугарија. Со подобрување на условите кои треба да гиобезбедат
нашите држави има простор за уште поголем раст на инвестициите од компаниите членки на
нашата комора и тоа треба да го ставиме во функција на развој на правните субјекти од двете
држави, смета Претседателката на МакедонскоБугарската Стопанска Комора, Биљана Митева.
Компаниите членки на комората даваат свој придонес за подобрување на бизнис климата и
отстранување на политичките бариери меѓу двете држави, за уште поуспешно деловно поврзување
на бизнис секторот.
На Собранието се обрати и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија,
Н.Е. Жељаско Радуков, каде изрази недвосмислена поддршка за подобрувањето на економската
размена меѓу двете држави и укажа на важноста на поврзувањето на луѓето и бизнисите од двете
земји.
Собранието на МакедонскоБугарската Стопанска Комора ја одобри програмата за работа за
периодот 2024/2025, беа усвоени извештаите за 2023/2024, а беа избрани и нови членови на
Управниот и Надзорниот Одборна МБСК.
На редовното годишно Собрание на МакедонскоБугарската Стопанска Комора присуствуваа и
претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе