Радио Кочани
Кочани

Месецот на книгата во библиотеката „Искра“ почна со промоцијата на книгата „Збогатување на проектите на Андреј Стојанов по зоологија и анатомија“

375

Месецот на книгата во библиотекта „Искра“ почна со промоцијата на делото „Збогатување на проектите на Андреј Стојанов по зоологија и анатомија“.

Авторот пред камерата на Радио Кочани посочи дека книгата ја пишувал една година.

Директорката на библиотеката, Кристина Ѓоргиевска Атанасова истакна дека секогаш ќе ги поддржуваат промоциите на книгите од кои може да се научи многу.

Промотори на делото беа професорката Гордана Панова и професорот Тоше Крстев.

Инаку, неговата прва книга „Проект на Андреј Стојанов, по зоологија и анатомија“ беше промовирана точно пред една година.

Авторот Андреј Стојанов е роден 1994 година во Кочани. При раѓањето се разболува од менингит, а тоа остава голема траума врз неговиот организам и на целокупното негово здравје.

Поради здравствента состојба во која се наоѓал Стојанов останува без основно и средно образование.

Со основната писменост и молитвено, православно-христијанската духовност се стекнува од поуките на неговите мајка и баба.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio