Радио Кочани
Кочани

Основното училиште „Никола Карев“ го доби проектот за основање Медиумски клуб

527

По објавениот повик од Македонскиот институт за медиуми за основање новинарски секции, основното училиште „Никола Карев“ годинава е единствено во општината и помеѓу петнаесетината во државата, кое го доби проектот.

Учениците ќе учат како да создаваат веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини.

Учениците што ќе бидат дел од Медиумскиот клуб, ќе се состануваат еднаш во неделата во текот на учебната 2024-2025 година.

Во програмата ќе бидат опфатени теми како што се: новинарството како професиja, новинарски жанрови, дезинформации и слично.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе