Радио Кочани
Кочани

Потврдено – Кочани со избор како никогаш до сега: шест кандидати за градоначалник и девет советнички листи

978
Потврдени се листите со кандидати за советници и за градоначалник на Општина Кочани за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, соопшти претседателот на ОИК, Билјана Димовска Гичева.

Ова значи дека кочанчани пред себе ќе имаат избор како никогаш до сега од осамостојувањето – шест кандидати за градоначалник и девет листи со кандидати за советници.
Д – р Влатко Грозданов е кандидат  за градоначалник од редовите на ВМРО _ДПМНЕ и коалицијата, Игор Христов на СДСМ и нивната коалиција. Даниел Глигоров е кандидиран од партијата Единствена Македонија, а Жаклина Филипова Свеќароска на Левица. Зоран Тодоров и Венко Крстевски се независни кандидати за градоначалник на Општина Кочани.
Еве ги носителите на кандидатските листи за членови на Советот на Општината:

Носители на листите:

  • Група избирачи – Благица Сабовљевиќ Стоименова

  • Група избирачи – Аки Акиов

  • Група избирачи – Влатко Здравков

  • Партија ЗНАМ – Суад Мехмед

  • Партија Левица – Ванчо Мишев

  • Партија СДСМ – Александра Коцева

  • Партија ВМРО‑ДПМНЕ – Александар Андов

  • Коалиција „Искуство за успех“ (Либерално‑демократската партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра‑Македонска конзервативна партија, Партија за целосна еманципација на ромите) – Катерина Христова

  • Партија Граѓанска иницијатива ГРИН – Благој Илиевски

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio