Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По седум месеци исчекување, жителите на улицата „Бел Камен“ во Кочани, добија обновена сообраќајна инфраструктура и подобри услови за движење.
Реконструкцијата на улицата „Бел камен“ се реализираше со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги доби од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“.
Со одлука на Советот, Општина Кочани учествуваше во финансирањето со 700 илјади денари.
Ианку, градежните работи започнаа во ноември минатата година, а изведувачот „Стентон градба“, работеше на ископи на асфалтната површина, уличните рабници и на тротоарските површини притоа се работеше и на ископ на каналски ров за поставување атмосферска канализација.
Изминативе седум месци се реконструираа 280 метри и ширина 6 м.
