Радио Кочани
Кочани

Антура МК вработува Електроинженер за регулација и автоматизација

905

Антхура МК објавува оглас за вработување на мотивиран и стручен кандидат на позицијата:

Електроинженер за регулација и автоматизација

 

Работата опфаќа одржување, програмирање и оптимизација на автоматизирани системи, како и обезбедување на непречено функционирање на електрична опрема.

 

Работни задачи и одговорности:

Дијагностицирање и отстранување дефекти;

Програмирање и конфигурирање на PLC уреди и друга автоматизирана опрема;

Читање, анализа и примена на електрични шеми, како и работа со сензори, актуатори и други елементи за автоматика;

Тестирање и проверка на фунционалност, пуштање во употреба и одржување на автоматизирани системи;

Планирање, организирање и раководење со активностите за одржување и сервисирање на постојните електрични системи, опрема и мотори.

Потребни квалификации и вештини:

Завршено високо образование;

Познавање на англиски јазик;

Одлично познавање на MS Office и AutoCAD;

Одлични аналитички и организациски способности;

Прецизност, одговорност, посветеност на работата и способност за тимска работа.

Работното искуство на иста или слична работна позиција ќе се смета за предност.

Заинтересираните кандидати може да аплицираат со испраќање на кратка биографија на е-mail: [email protected] најдоцна до 25.09.2025 година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio