Радио Кочани
Кочани

Ванчо Митев во Зрновци и Митко Костадиновски во Виница ја презедоа функцијата градоначалник на општините

791
Денеска во Општина Зрновци беше извршено официјалното примопредавање на функцијата градоначалник.
Досегашниот градоначалник Борчо Коцев му ја предаде должноста на новоизбраниот градоначалник Ванчо Митев, кој во наредните четири години ќе раководи со Локалната самоуправа на Зрновци.
Примопредавањето помина во коректна атмосфера, со изразена подготвеност за континуитет во реализирањето на проектите од интерес за граѓаните на општината.

 

Денес во просториите на Општина Виница се изврши официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Миле Петков и новоизбраниот градоначалник Митко Костадинoвски.
Во пријатна и достоинствена атмосфера беше извршено предавањето на документацијата и обврските што ја следат оваа одговорна функција, така што двајцата градоначалници, го потврдија значењето на континуитетот, одговорноста и посветеноста во служба на граѓаните.
Миле Петков му посака успешна работа на новиот градоначалник, со верба и надеж Општина Виница да продолжи да се развива во интерес на сите граѓани.
Новиот градоначалник Митко Костадиновски, со искрени зборови на благодарност ја превзеде одговорноста, да ја води Општина Виница, во наредните четири години. Тој најави дека на почетокот од мандатот фокусот ќе го насочи кон динамично продолжување на веќе започнатите инфраструктурни и урбани проекти и реализирање на сите проекти во предизборната програма.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio