Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Подготовките за спортско-рекреативниот настан FREEDOMRUN Kochani 2026 се во полн ек, а интересот за учество постојано расте.
Според организаторите, досега се регистрирани 178 учесници од Кочани, соседните градови и повеќе места низ државата.
Меѓу пријавените има 118 мажи и 60 жени, што потврдува дека настанот привлекува учесници од различни возрасни групи и спортски профили.
Организацискиот тим интензивно работи на сите детали за успешна реализација на трката, која ќе се одржи на 4 јули во Кочани.
Покрај спортскиот карактер, FREEDOMRUN има за цел да ги промовира природните убавини на Кочани и околината, како и да поттикне дружење, рекреација и здрав начин на живот.
„Подготовките се одвиваат според планираното, а бројот на пријавени секојдневно се зголемува. Очекуваме FREEDOMRUN да понуди одлична спортска атмосфера и убаво доживување за сите учесници и посетители“, велат од организацискиот тим.
Пријавувањето за настанот продолжува и во наредниот период.
