Радио Кочани
Кочани

ОИК на Кочани и Чешиново-Облешево ги доделија уверенијата на новите советници и на градоначалниците Грозданов и Костадинов

494

Општинската изборна комисија – Кочани денеска ги додели уверенијата на новите 19 членови на Советот на Општина Кочани, како и на новоизбраниот градоначалник, д-р Владко Грозданов.

Настанот се одржа во просториите на општинскиот совет.

Претседателката на ОИК – Кочани, Билјана Димовска Гичева посочи дека со ова официјално завршува изборниот процес и им посака успешен и одговорен мандат на сите новоизбрани функционери.

Советот на Општина Кочани во наредниот четиригодишен период ќе брои 19 членови, од кои девет се од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, четири од група избирачи Благица Сабовкевиќ Стоименова, тројаца од СДСМ , двајца од група избирачи Влатко Здравко, еден од Движењето ЗНАМ, како и Аки Акиов, предложен, исто така од група избирачи.

По добивањето на уверението, новоизбраниот градоначалник д-р Владко Грозданов им се заблагодари на граѓаните за довербата и најави посветена работа на проекти кои ќе го развиваат Кочани во економска, инфраструктурна и социјална насока.

Со денешниот чин, Општината влегува во нов мандатен циклус, кој ќе започне со конститутивната седница на новиот Совет, на која ќе бидат потврдени мандатите и избрано раководството.

Исто така, денеска и Општинската изборна комисија на Чешиново-Облешево им ги врачи уверенијата на новоизбраните 11 членови на Советот на општината, како и на новоизбраниот градоначалник Јорданче Костадинов.

По свеченото врачување на уверенијата, досегашниот градоначалник Далибор Ангелов официјално му ја предаде градоначалничката функција на својот наследник Костадинов, со што беше означено и формалнато примопредавање на власта во општината.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio