Радио Кочани
Кочани

Вечерва почнува изборниот молк – Утре во Кочани гласаат 173 болни и немоќни, како и едно лице кое е во куќен притвор

272

Вечерва завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат в недела, на 2 ноември. На полноќ започнува изборниот молк, што ќе трае до недела во 19 часот, кога се затвораат гласачките места.

Eден ден пред главното гласање, односно утре, први на избирачките места традиционално ќе гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и лица во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Во Кочани право на глас имаат 32. 503, во Виница, запишани се 17. 060 избирачи, 5.068 во Чешиново Облешево и 2.506 во Зрновци.

Утре во Кочани, своето право ќе го остварат 173 болни и немоќни жители, како и едно лице кое е во куќен притвор.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio