Радио Кочани
Кочани

На 11 јуни во Виница – јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот Регион

75

Се известуваат жителите од Источниот и Североисточниот Плански  Регион и општините вклучени во нив (Берово, Чешиново-Облешево, Делчево, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Штип, Виница, Зрновци, Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Крива Паланка и Ранковце), дека во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА),  се подготвени Нацрт-регионален план за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот Регион и Нацрт-извештај за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот.

В четврток, 11 јуни 2026 година, со почеток во 11 часот, во салата на Советот на Општина Виница, ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување на отпад за Источниот и Североисточниот Регион.

Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина и резимето од Планот се достапни на веб-страниците на Центрите за развој на Источниот и на Североисточниот Плански Регион и на општините што им припаѓаат, а печатена верзија е достапна во соодветните канцеларии на центрите и на општините.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio