Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На 61 и 71 година за првпат станаа родители – родено здраво машко бебе
Брачен пар на возраст од 61 и 71 година за првпат го почувствува родителството, откако на свет дојде нивното здраво машко бебе.
На успешната бременост ѝ претходеле хистероскопска реконструкција на матката, индивидуализирана медицинска подготовка и ин витро постапка со донирани јајце-клетки.
Породувањето било извршено со царски рез во Цирих, каде што брачниот пар живее и работи.
Медицинската подготовка и ин витро постапката биле реализирани во Болницата „Д-р Органџиски“, од каде што информираат дека станува збор за уште еден успешно завршен случај на асистирано репродуктивно лекување.
Инаку, мајката е по потекло од Македонија, а таткото е од Шпанија.
