Радио Кочани
Кочани

Заврши учебната 2025/2026 година – последно училишно ѕвонче за учениците

65

Денеска, 10 јуни, со последното училишно ѕвонче заврши учебната 2025/2026 година за учениците од основните и средните училишта во Кочани.

По девет месеци исполнети со настава, учење, натпревари и бројни училишни активности, учениците заминаа на заслужен летен распуст.

Посебно емотивен ден е за деветтоодделенците, кои го завршуваат своето основно образование и се разделуваат со своите соученици и наставници.

Пред нив е нов предизвик – избор на средно училиште и продолжување на образовниот пат.

Полуматурантите се подготвуваат за упис во средно образование.

Електронското пријавување ќе се врши преку порталот Uslugi.gov.mk, а документите ќе се доставуваат во училиштата каде што учениците конкурираат. Првото електронско пријавување е од 12 до 15 јуни, второто на 23 јуни, додека во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе биде на 20 август.

Значаен момент е и за матурантите, кои го заокружуваат средношколското образование и се подготвуваат за студии, вработување или нови животни предизвици.

Нив сега ги очекува завршниот дел од полагањето на државната матура.

Утре, 11 јуни ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, додека кандидатите за државна стручна и уметничка матура ќе полагаат в петок, 12 јуни. Изборниот екстерен предмет се полагаше минатата сабота.

Во текот на учебната година учениците од Кочани остварија бројни успеси на општински, регионални и државни натпревари, достојно претставувајќи ги своите училишта и општината.

Новата учебна година се очекува да започне на 1 септември, а до тогаш учениците ќе уживаат во летниот распуст.

На сите ученици им посакуваме убаво, безбедно и исполнето лето, а на деветтоодделенците и матурантите многу успех во следната фаза од нивното образование.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio