ЈП „Солидарност“ Виница ги известува жителите на Општина Виница дека поради палењето на градската депонија во Кочани во неделата наутро, привремено ни е забрането да го депонираме отпадот на депонијата за да не се разгорува оганот. Откако ќе се санира депонијата (за два до три дена) повторно ќе продолжеме со редовното депонирање.
Во меѓувреме, бидејки нашите камиони се полни со отпад, ќе има рестрикции во редовното собирање на отпадот и ќе се собира само од контејнерите и од најглавните сообраќајници.
Ги молиме жителите на Општина Виница да имаат разбирање и трпение за настанатиот проблем, бидејки немаме друга опција за депонирање на отпадот.
Се извинуваме и Ве замолуваме да не го изнесувате отпадот на улиците за да не се разнесува по нив.
Се надеваме дека од среда ќе се нормализира собирањето на отпадот.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе