Радио Кочани
Кочани

Хуманитарен настан во Кочани во чест на Јорданчо Џамов и загинатите ангели

123

 

В понеделник ,15 јуни, со почеток во 19 часот во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.

Настанот има за цел да ги обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за помош и поддршка на семејства од ранливи категории.

Во рамките на програмата е предвидена модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, како и продажба на фустани, при што средствата од продажбата ќе бидат донирани за реализација на хуманитарните цели на настанот.

За посетителите ќе биде организирана и музичка програма, а организаторите ги повикуваат граѓаните да присуствуваат и заедно да испратат порака на хуманост, почит и надеж.

Настанот е во организација на пријателите и семејството на Јорданчо Џамов.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio