Радио Кочани
Кочани

По два дена поминати дома по несреќата со трактор, 71-годишник од Драгобраште им подлегна на повредите

681

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани екипа на ОВР Виница извршила увид на местото. Притоа, било констатирано дека на 06.06.2026 во вечерните часови на локален пат во с.Драгобраште В.А. излетал од патот со тракторот кој го управувал, по што заминал дома без да побара лекарска помош.

На 08.06.2026 околу 09:00 часот неговиот син го однел во болницата во Виница за укажување лекарска помош од каде што бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко му се слошило и од Итна медицинска помош Виница бил направен обид за реанимација, но тој им подлегнал на повредите.

По насоки од јавен обвинител врз телото на починатиот не е извршена обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio