Радио Кочани
Кочани

Во Кочани по вторпат одржан „Илинденскиот коњанички собир“

105

Во Кочани денеска по вторпат беше реализирана културно-историската манифестација „Илинденски коњанички собир“ – Кочани 2026, во организација на здружението „Кочанска коњаница – Осоговски Елит“ во соработка со Битолската коњаница „Галоп“.

Свечениот коњички марш започна од источната страна на Градскиот стадион „Никола Мантов“, кај тениските терени, по што коњаниците продолжија низ Стришани и пристигнаа до Алејата на ангелите на Градските гробишта во Кочани.

Таму, коњаниците положија цвеќе и оддадоа почит на загинатите млади во трагедијата во дискотеката „Пулс“. По чинот на почит, коњаниците продолжија кон центарот на градот, каде што во Паркот на Револуцијата беше организиран свечен пречек.

Пред почетокот на програмата, коњаницата доби благослов од свештениците, по што следуваше пригодна културно-уметничка програма.

Пред присутните настапија ФА „Мугри“ и оркестарот, а свој настап имаше и АТМИ Митко Алексов, со што беше збогатена атмосферата на манифестацијата.

На овогодишниот коњички марш учествуваа десетина коњаници од кочанската и битолската коњаница „Галоп“. Маршрутата на коњаниците продолжува кон Крушево, каде што завршува на Мечкин Камен. „Илинденскиот коњанички собир“ се реализира со поддршка од Општина Кочани, со цел зачувување и промоција на македонската традиција, оддавање почит кон илинденските вредности и негување на културното наследство.

Со одржувањето втора година по ред, манифестацијата станува дел од културниот календар на Кочани, обединувајќи ја традицијата, историјата и почитта кон оние кои се дел од минатото и сегашноста на градот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio