Радио Кочани
Кочани

Во тек е реконструкцијата на ООУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци

41

Во тек е реализацијата на проектот „Воведување на мерки за енергетска ефикасност и подобрување на просторните услови во образовниот процес преку доградба и реконструкција на ООУ „Синиша Стоилов“ во Зрновци“, со кој ќе се подобрат условите за работа и престој на учениците и наставниот кадар.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 4.701.503 денари, од кои 4.600.000 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, додека 101.503 денари се средства за кофинансирање од страна на корисникот.

Со реализацијата на проектот ќе се подобрат просторните услови во училиштето, ќе се зголеми енергетската ефикасност на објектот и ќе се создаде поквалитетна и побезбедна средина за одвивање на наставниот процес.

Проектот е дел од активностите за намалување на регионалните диспаритети и зајакнување на регионалната конкурентност преку инвестиции во јавната инфраструктура, со цел создавање поквалитетни услови за живот и работа во локалните заедници.

Инаку, по повод почетокот на градежните активности, во петокот (24 јули) работите ги посети министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, кој истакна дека вложувањето во образовната инфраструктура претставува инвестиција во иднината на локалните заедници и дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува проектите што носат конкретни придобивки за граѓаните.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio