Радио Кочани
Кочани

В сабота петти крос „Младите трчаат“ во чест на Васе Ангелов

213

В сабота, 23 мај, Општина Зрновци и Локалниот младински совет по петти пат ќе го одржат традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“.

Тркат е во чест и сеќавање на  прерано починатиот жител на Зрновци, Васе Ангелов.

Настанот се планира да почне во 10 часот, а еден час претходно е пријавувањето за учество.

Трката ќе стартува од повеќенаменското игралиште „Васе Ангелов“ потоа да се одвива низ локалниот пат кон Мородвис со крајна цел повторно да биде игралиштето.

Целта е да се  промовира спортувањето меѓу младите во Зрновци, како и чување на споменот на Васе Ангелов.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio