Радио Кочани
Кочани

Матурско дефиле на СОУ „Љупчо Сантов“

1,198

За 134 ученици од двете струки во СОУ „Љупчо Сантов“ вечерва беше означен крајот на учебната година.

На прославата по повод матурската вечер, организирано со класните раководители,  матурантите влегуваа во училишната зграда каде што  го одржаа  последниот класен час.

Пред заминување на забавата, матурантите продефилираа во дворот на училиштето со своите класни раководители по што се упатија на организираната прослава во Ресторанот „Амор“.

Катерина Димитрова од гимназијата посочи дека овие изминати четири години ќе осанта во длабоко сеќавањена учениците.

Поголем дел од матурантите со кои зборуваше  Радио Кочани истакнаа дека средношколските денови  поминати во кочанската гимназија ќе ги паметат до крајот на животот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio