Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19.30 часот ќе се одржи концертот „Квартет саксофони“. Настапатуваат Горан Кавраков, Славица Деспотова, Никола Темелков и Даме Камчев.
-Уникатен музички настан на кој четири саксофони ќе создадат магична атмосфера низ познати мелодии, современи аранжмани и безвременски композиции.Подгответе се за вечер исполнета со моќен звук, елегантна атмосфера, музика што допира до душата, најавува организаторот и домаќин на овој музички настан, ЦК„Бели мугри“.
Кавраков, Деспотова и Темелков се од Штип, Дамчев е од Кавадарци. Сите се со завршена музичка академија на различни универзитети.
Концертот ќе се одржи восалонот „Фоаје 2“ на Националната установа од Кочани.
Проектот е дел од годишната програма на „Бели мугри“, под покровителство на Министерството за култура и туризам.
