Радио Кочани
Кочани

Завршува асфалтирањето на улицата 1. Мај во Спанчево

21
Во Општината Чешиново – Облешево се финализираат градежните работи од проектот за реконструкција на улицата 1. Мај во селото Спанчево.
Според информациите од Општината, до крајот на денот треба да заврши поставувањето асфалт во должина од 680 метри од улицата. За овој инфраструктурен проект обезбедени се 8, 8 милиони денари од Владата преку кредитот од Унгарија. Улицата 1. Мај во селото Спанчево е изградена во почетокот на деведесетите години и сега прв пат се реконструира.
Реализираме уште еден значаен проект за подобрување на патната инфраструктура.Оваа инвестиција ке придонесе за побезбедно и поквалитетно движење на сите учесници во сообраќајот. Истовремено ќе ги подобри услови за секојдневниот живот на жителите во Спанчево и Општината, рече за Радио Кочани градоначалникот  Јорданче Костадинов.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio