Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
В среда, 1 јули, со почеток во 19 часот, на теренот во Основното училиште „Никола Карев“ ќе започне овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал.
Турнирот ќе го отворат екипите „Амфенол“ и „Ауто Велт“, а од 20 часот ќе се сретнат „Булевард кафе“ и „Аминта“.
Натпреварите ќе се играат според правилата за футсал, а доколку временските услови не дозволат игра на отворено, средбите ќе се префрлат во спортската сала „Кочански ангели“. Предвидено е секој ден да се играат по два натпревара, а вкупно пријавени се 10 екипи.
Настанот традиционално го организира Локалната самупрва на Кочани, а го реализира ОФС – Кочани.
Финалниот натпревар ќе се одигра на празникот Петровден, 12 јули, со почеток во 20 часот.
Најдобрите три екипи ќе добијат парични награди од 60, 30 и 15 илјади денари, а ќе бидат прогласени и најдобар играч, стрелец и голман на турнирот.

