Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
До недела трае пријавувањето за 54. Илинденски спортски игри во Чешиново-Облешево – награден фонд од 300.000 денари
Општина Чешиново-Облешево и годинава ќе биде домаќин на традиционалните Илинденски спортски игри, кои ќе се одржат по 54. пат.
Во тек е пријавувањето на спортските екипи, истото завршува во недела, 5 јули, а потоа ќе биде организирано и ждребување за натпреварите.
Организацискиот одбор упати повик до сите месни заедници во Источниот регион да ги информираат заинтересираните екипи и да ги поттикнат навреме да го пријават своето учество на турнирот.
Годинава организаторот обезбеди рекорден награден фонд од вкупно 300.000 денари.
Победничката екипа ќе биде наградена со 200.000 денари, второпласираната ќе добие 100.000 денари, а ќе биде прогласен и најдобриот играч на турнирот.
Финалниот натпревар традиционално ќе се одигра на 2 август – Илинден, кога ќе биде заокружено уште едно издание на една од најдолговечните спортски манифестации во регионот.
За пријавување и дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на следните контакти:
- Филип – 078/666-990
- Тоше – 077/700-758
- Митко – 070/382-197
![]()

