Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По 24. пат, во пресрет на Петровден, празникот на Кочани започна Петровденскиот турнир во мал фудбал, кој првапт се одржува на теренот во ОУ „Никола Карев“.
Турнирот го отвори претседателот на ОФС – Кочани, Александар Андов, кој посака успешно и фер-натпреварување.
Првиот натпревар меѓу екипите на „Амфенол“ и „Аутовелт“ заврши со победа на „Аутовелт“ со резултат 1 : 5, додека во дуелот меѓу „Булевар кафе“ и „Аминта“, победата ја однесе „Аминта“ со 1 : 4.
Финалето ќе се игра на 12 јули, кога ќе бидат прогласени трите најдобри екипи, најупешен играч, стрелец и голман на турнирот.
