Радио Кочани
Кочани

Теренот „Дамјан Груев“ Чешиново ќе ги собере младите фудбалски таленти од регионот…

104

Во сабота, спортскиот терен „Дамјан Груев“ во Чешиново ќе биде домаќин на завршниот турнир од детската фудбалска лига, во организација на ФК Атлетико 2021. Настанот ќе се одржи на 16 мај со почеток во 09:30 часот и ќе ги собере најмладите фудбалски надежи од генерациите 2014, 2015/16 и 2017/18.

Според организаторот, на турнирот ќе настапат околу 200 млади фудбалери, а посетителите ќе имаат можност да проследат голем број натпревари исполнети со спортски дух, фер-плеј и детска радост.

Од ФК Атлетико 2021 упатуваат покана до љубителите на спортот, родителите и граѓаните да присуствуваат на настанот и да им дадат поддршка на младите спортисти, со цел заеднички да се создаде вистинска спортска атмосфера во Чешиново.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio