Радио Кочани
Кочани

Школа за убавина Арт – Кочани ја започнува првата обука за депилација

22

Школа за убавина Арт неодамна ги отвори своите врати во центарот на град Кочани, носејќи долгогодишно искуство, врвни едукатори и професионални програми за сите кои сакаат да изградат успешна кариера во индустријата за убавина.

Со повеќе од 10.000 обучени курсисти и избор од над 15 различни професионални обуки, школата претставува вистинско место за стекнување знаење, практично искуство и меѓународно признати сертификати.

На 30 јуни започнува првата обука во Кочани – Професионална депилација.

Обуката е комплетно осмислена и вклучува теоретски и практичен дел, при што курсистите работат на реални модели и ги совладуваат сите техники потребни за професионално изведување на третманите.

Практичната работа се изведува исклучиво со производите на Depilève, светски признат бренд и еден од лидерите во професионалната депилација. По успешно завршување на обуката, секој учесник добива сертификат од Школа за убавина Арт, како и меѓународен сертификат на англиски јазик од Depilève.

За оваа обука останува уште едно последно слободно место, па сите заинтересирани можат навреме да го резервираат своето место и да ги искористат актуелните летни попусти на обуките.

Воедно, доколку сакате бесплатна професионална депилација, можете да се пријавите како модел на обуката. Третманите се изведуваат под постојан надзор на едукатор, со професионални производи и според највисоки стандарди за работа.

За повеќе информации и пријавување, контактирајте ја Школа за убавина Арт – Кочани.

 

 

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio