Радио Кочани
Кочани

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ објави упис за продолжен престој за ученици од прво до трето одделение

100

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ го објави повикот за упис на ученици во продолжен престој за учебната 2026/2027 година.

Право на пријавување имаат учениците од прво до трето одделение.

Приоритет при приемот ќе имаат деца од самохрани родители, деца чиј старател боледува од специфична болест, деца од семејства кои се корисници на социјална помош, како и ученици чии родители работат во смени или дежурства и семејства во кои двајцата родители се вработени.

За пријавување потребно е да се достават барање од родителот, потврди од работодавачите за последната исплатена нето-плата на двајцата родители, копија од трансакциска сметка на подносителот и изјава за вистинитоста на доставените податоци.

Училиштето информира дека постојат посебни услови за поднесување документација за родители кои не се во работен однос, регистрирани индивидуални земјоделци, деца на починати или разведени родители, пензионери и лица кои боледуваат од специфична болест.

Документацијата треба да се достави кај училишниот психолог во периодот од 14 до 24 август, секој работен ден до 12:00 часот.

Комисијата за прием ќе ги разгледува барањата од 25 до 27 август, по што ќе биде објавена прелиминарната листа на примени ученици по паралелки.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio