Радио Кочани
Кочани

Трговскиот гигант SPAR пристигна во Македонија – „Кит-Го“ во Кочани наскоро станува SPAR

1,175

Познатиот европски трговски бренд SPAR  влезе на македонскиот пазар со инвестиција вредна 45 милиони евра, средства кои ќе бидат инвестирани во следните три години.

Во првата фаза ќе бидат вложени 15 милиони евра за отворање нови маркети и ребрендирање на дел од „Вива Фреш“ и „Кит-Го“ во Спар маркети.

Компанијата најавува повеќе од 60 продавници низ Македонија во рок од една година, со фокус на свежи производи, поволни цени и поголема соработка со домашните производители.

Планирана е и изградба на современ логистички центар на површина од над 40 илјади квадратни метри, инвестиција што ќе отвори околу 400 нови работни места.

Во Кочани се очекува многу наскоро да се случи ребендирањето на сите маркети.

Од компанијата најавуваат модерно шопинг искуство, високи стандарди и голем број промотивни понуди за македонските потрошувачи.

Радио Кочани на нашите коминтенти им посакува успешна и берикетна работа !!!

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio