Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Ученичката Јана Лазарова од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ освои сребрен медал на Државното првенство „Плазма спортски игри за млади“
Ученичката Јана Лазарова од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ постигна значаен успех на Државното првенство „Плазма спортски игри за млади“, кое се одржа во Скопје.
Лазарова го освои второто место во дисциплината атлетика, во категоријата за натпреварувачи родени во 2015 година.
До финалето се пласираше по одличниот настап во полуфиналната трка, каде што го освои првото место.
Во силна конкуренција на државното првенство, Јана уште еднаш ги потврди својот талент, посветеност и спортски дух, освојувајќи го сребрениот медал.
Од училиштето ѝ упатија честитки за постигнатиот успех, посакувајќи ѝ уште многу спортски достигнувања и освоени медали во иднина.
