Радио Кочани
Кочани

Општина Чешиново-Облешево учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“

226

Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „European Stork Villages Network“, што се одржа во Пловдив и Белозем.

На фестивалот беа разменети искуства и добри практики за заштита на белиот штрк, зачувување на природните живеалишта и развој на еко-туризмот.

Особено внимание било посветено на позитивните резултати од Кочанско Поле, кое и понатаму останува едно од најзначајните живеалишта на белиот штрк во регионот.

Според најновите податоци, бројот на гнезда на белиот штрк во регионот бележи значителен раст.

Во Чешиново бројот на гнезда е зголемен од 17 на 33, додека во Облешево од 26 на 34 гнезда.

На ниво на Кочанско Поле се регистрирани вкупно 223 гнезда.

Овие резултати, како што беше истакнато на средбата, се потврда за богатството на природата, традиционалното земјоделство и грижата на локалното население кон животната средина и заштитата на штрковите.

Градоначалникот Јорданче Костадинов во изјава за Радио Кочани истакна дека учеството на фестивалот е значајно за промоција на општината и зајакнување на меѓународната соработка во областа на заштитата на природата.

Чешиново-Облешево останува препознатливо место за белиот штрк и пример како со заедничка грижа на институциите и граѓаните може успешно да се зачува природното богатство. Нашата општина и понатаму активно ќе работи на заштита на штркот и развој на еко-туризмот, истакна Костадинов за Радио Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio