Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Оштетените клупи – повторно поправени
Само пред две седмици Општина Кочани спроведе активности за санација и обновување на урбаната опрема низ градот.
Скршените делови од клупите беа заменети со нови, а опремата беше освежена и повторно ставена во функција.
Но, и покрај вложениот труд и средства, несовесно однесување предизвика нови оштетувања на повеќе локации.
Службите за комунални дејности извршија увид на терен и повторно интервенираа и ги поправија оштетените клупи.
Општина Кочани апелира до сите граѓани одговорно да се однесуваат кон јавниот простор, затоа што зачувувањето на урбаната опрема е заедничка одговорност.
Само со грижа и почит кон заедничките добра можеме да создадеме поуредна, почиста и попријатна средина за сите.

