Радио Кочани
Кочани

Познати полуфиналните двојки на Илинденските спортски игри во Чешиново-Облешево

66
Полуфиналните натпревари на Илинденските спортски игри во Чешиново-Облешево ќе се одиграат на 29 и 30 јули на спортското игралиште „Даме Груев“ во Чешиново.
Во првото полуфинале, кое е закажано за среда, 29 јули, со почеток во 18:00 часот, ќе се сретнат екипите на Чифлик и Соколарци.
Второто полуфинале ќе се одигра во четврток, 30 јули, исто така со почеток во 18:00 часот, а силите ќе ги одмерат екипите на Чешиново и Облешево.
Финалето ќе се одигра в недела, 2 август, Илинден при што тогаш ќе биде познат и победникот на 54. издание на ИСИ – Чешиново 2026.

Организацискиот одбор  годинава обезбеди рекордни парични награди.

Првопласиранта ќе добие 200.000 денари, за втората екипа обезбеден е износ од 100.000 денари, а ќе биде прогласен и најдобриот играч на натпреварот.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio