Радио Кочани
Кочани

Нови правила за електричните тротинети: Возење само за полнолетни, ограничување до 20 км/ч и можност за одземање на возилото

306

Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои денеска беа усвоени во Собранието, се воведуваат нови правила за користење на електричните тротинети и другите лесни електрични возила.

Според законските измени, максималната дозволена брзина за овие превозни средства ќе изнесува 20 километри на час, а воедно е прецизирана и законската дефиниција за тоа што се смета за лесно електрично возило.

Целта на измените е усогласување со европските стандарди и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Една од клучните новини е воведувањето старосна граница за управување со електричен тротинет.

Во иднина, ова ќе им биде дозволено само на лица кои имаат наполнето 18 години.

Законот предвидува и значително построги санкции за прекршување на правилата.

Покрај паричните казни, во одредени случаи ќе може да се изрече и мерка за одземање на возилото.

Ова ќе важи при управување со тротинет од страна на малолетно лице, возење со брзина над дозволената, превезување сопатник, како и управување под дејство на алкохол.

Со новите законски решенија, надлежните очекуваат да се подобри безбедноста на учесниците во сообраќајот и да се намали бројот на несреќи во кои се вклучени електрични тротинети и други лесни електрични возила.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio