Радио Кочани
Кочани

Казните за граѓаните се до 2.000 евра – Од први јули се воведува целосна забрана за движење во шумите објавува Журнал.мк

386

Од 1 јули до 31 август се воведува забрана за движење во шумите и шумските подрачја. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“  и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое  управуваат.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите –  ЈП „Национални шуми“ и  Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја,  даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, информира денеска ресорното Министерство.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio