Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На туристичкиот локалитет Пониква денес се одржува собир на љубителите на Volkswagen олдтајмерите.
Посетителите имаат можност одблиску да ги разгледаат легендарните „Буби“, T2 Комбиња и други безвременски модели кои оставиле силен белег во автомобилската историја.
Настанот нуди можност за дружење, фотографирање и размена на искуства меѓу сопствениците и љубителите на класичните возила, во прекрасниот планински амбиент на Пониква, на 1.650 метри надморска височина.
Организаторите ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од оваа уникатна автомобилска изложба и да уживаат во ден исполнет со носталгија, природа и добра атмосфера
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне
