Радио Кочани
Кочани

Почеток на новата учебна година во ОУ „Климент Охридски“ – Облешево, свечен прием за првачињата

282

Денеска започна новата учебна година 2025/2026, а во Основното училиште „Климент Охридски“ во општина Чешиново-Облешево беше организиран свечен прием за новата генерација првачиња.

Во присуство на наставници, родители и претставници од локалната самоуправа, учениците од прво одделение беа пречекани со пригодна програма, песни, игри и пораки за добредојде.

Наставниот кадар им посака успешен почеток и безгрижни денови исполнети со нови знаења и пријателства.

Општината и училиштето потенцираа дека се преземени сите подготовки за непречено одвивање на наставата, со обезбедени наставни средства и подобрени услови во училиштето.


 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio