Радио Кочани
Кочани

Од денеска започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/27 година

141

Од денеска, 12 јуни петок започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.

Според конкурсот објавен од Министерството за образование и наука, електронското пријавување ќе трае од денеска до 15 јуни преку националниот портал за електронски услуги, каде учениците ќе се најавуваат со своите кориснички сметки од системот schools.mk.

По електронската апликација, потребната документација ќе треба да ја достават во училиштата во кои конкурираат.

Во Кочани во двете средни училишта слободни се 497 места, односно во СОУ „Љупчо Сантов“, 236, а во „Гошо Викентиев“ простор за упис има за 261 ученик.

Во Виница пак, слободни места за упис има за 202 ученика.

Доставувањето на потребната документација ќе се врши на 16 и 17 јуни, а конечните ранг-листи училиштата ќе ги објават на 18 јуни.

Доколку за одредени образовни профили има поголем број пријавени ученици од предвидените места, ќе се организира квалификациско тестирање на 22 јуни.

Во јунскиот уписен рок е предвидено и второ пријавување на 23 јуни, додека августовскиот уписен рок ќе се реализира на 20 август.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio