Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
И во Зрновци започна новата учебна година 2025/2026 – свечен прием за првачињата во ООУ „Синиша Стоилов“
Денеска во општина Зрновци започна новата учебна година 2025/2026, со свечен прием на новата генерација првачиња во Основното општинско училиште „Синиша Стоилов“.
Настанот беше проследен со пригодна програма и присуство на ученици, наставници, родители, како и претставници на општинската самоуправа.
Посебна чест и радост беше пречекот на најмладите ученици – првачињата, кои за првпат го направија големиот чекор кон образованието и влегоа во училишните клупи.
На сите ученици им посакувам успешна и радосна учебна година, исполнета со многу нови знаења и искуства. Благодарност до наставниците и вработените за нивната посветеност и љубов во воспитно-образовниот процес,“ беше истакнато во пораката од градоначалникот Борчо Коцев.

