Радио Кочани
Кочани

Честитка од в.д. градоначалникот Венко Крстевски по повод почетокот на новата учебна година

322

На првиот ден од новата учебна година. в.д. градоначалникот Венко Крстевски им се обрати на сите ученици во градот и им посака среќен и успешен почеток на учебната година:

„Со почетокот на 1 септември започнува ново поглавје во образованието. Ви посакувам среќен и успешен почеток на оваа учебна година, исполнета со нови знаења, искуства и можности. Секој почеток носи нова енергија и нови цели. Вашето училиште е местото каде што учите, растете, градите пријателства и ја креирате својата иднина.“

В.д. градоначалникот се заблагодари и на сите наставници и родители, истакнувајќи ја важноста на нивната улога во образованието на децата:

„Вашата посветеност и труд се основата на секој успех на учениците. Заедно, како заедница ќе продолжиме да работиме на тоа да ги создадеме најдобрите услови за учење и развој.

Среќен и успешен почеток на новата учебна година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio