Радио Кочани
Кочани

„Доста беше“ – Ние тонеме, а КЈП е сидрото

40

📌 Ова се единствените тендери доделени досега на оваа фирма.

Фирма која во 2024 година нема ниту еден вработен и остварува приход од околу 100.000 денари, а во 2025 година има еден вработен на пола работно време и приход од околу 620.000 денари.

⚠️ Фирма која е во Б категорија и има постојани блокади.

Фирма која е во сопственост на поранешен директор на Водовод и син на советник од истата партија од која е и сегашното раководство.

За помалку од два месеци, фирмата добива тендери во износ од без малку 100.000 евра, односно износ кој е:

  • 10 пати поголем од нејзиниот годишен промет во 2025 година;
  • 60 пати поголем од прометот во 2024 година.

❗ Доколку Јавното обвинителство не реагира по допрен глас, ние ќе ги доставиме документите со кои поврзуваме логични точки кои се сомнителни, за понатаму надлежната институција да утврди дали има незаконита постапка.

И останати делови од дебатата за Водовод.

Ние тонеме, а КЈП е сидрото.

Соопштение на советничката група „Доста беше“


© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне
Kocani Radio