Радио Кочани
Кочани

42-годишен виничанец приведен поради семејно насилство, нападнал сестра, внука и татко

129

42-годишен жител на Виница е лишен од слобода по пријава за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, на 25 јуни во 19:45 часот, полициски службеници од ОВР Виница го привеле С.А. (42) од Виница, постапувајќи по претходна пријава.

Според пријавеното, тој во семејниот дом во Виница физички ги нападнал неговата сестра, внука и татко.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio